Спенс прв муслиман во дресот на англиската репрезентација

Дефанзивецот на Тотенхем, Џед Спенс (25), влезе во историјата како први муслиман кој настапи во дресот на фудбалската репрезентација на Англија.

Фудбалерот роден во Лондон влезе во игра во 69 минута на квалификацискиот натпревар на Англија за Светското првенство во вторникот вечер во Белград, кој заврши со победа на англискиот тим од 5-0.

„Изненаден сум што сум првиот, па затоа е благослов. Добро е да се направи историја и се надевам дека ќе ги инспирира децата ширум светот да успеат како што успеав јас. Без разлика на вашата религија, верувајте во Бога“, рече Спенс.

Иако муслиманите сочинуваат околу шест проценти од населението во Велика Британија, бројката меѓу професионалните фудбалери е многу помала.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close