Спиропали: Албанија го поддржува интегрирањето на Македонија во Европската Унија, затоа што делиме заедничка иднина

По отварањето на конзултатот на Република Албанија во Струга, се очекува наредната година да се отвори наш конзулат во Корча, а разговараме и за поврзувањето во различни други области, за добрососедството и за размената на различни проекти, истакна на денешната заедничка прес-конференција министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски со неговата албанска колешка, односно министерката за Европа и надворешни работи на Република Албанија, Елиса Спиропали, која престојува во нашата земја во прва официјална посета.

Македонскиот министер за надворешни работи, Муцунски истакна дека културните врски меѓу двете земји се силни, како и во делот на заштита на македонското национално малцинство во Албанија, за што, како што вели, сведочат повеќе реализирани активности во годината што изминува.

 

-По тој повод изразувам и благодарност за одличната соработка, којашто постои на билатерален план по однос на прашањата за заштитата на македонското национално малцинство, коешто живее во Република Албанија. Продолжуваме заеднички низ призмата на многу иницијативи, коишто можат да не обединат. Со Елиса често се гледаме во последниот период, на многу различни форуми, насочени кон нашите заеднички приоритети. Посебно ме радува што во рамките на нејзиниот мандат како министер за европски прашања и надворешни работи одлучува една од нејзините први посети во регионот да бидат токму во Скопје, рече Муцунски.

 

Министерката за Европа и надворешни работи, Спиропали потенцираше дека кога две држави имаат заедничка желба и заеднички цели наоѓаат време за посети и заедничка соработка во сите сфери, со цел да се подобри животот на граѓаните во двете земји. Спиропали истакна дека географијата не постави како соседи, историјата не научи да бидеме пријатели, а економијата двете земји прави партнери.

 

-Европската интеграција е број еден во надворешната политика на Албанија, но и на албанскиот народ. За нас во Албанија е големо постигнување е што за 13 месеци отворивме 34 поглавја. Особено во делот на правото, борбата против корупцијата и почитувањето на малцинствата. Уште еднаш се покажа дека нашиот пат е вистинскиот и дека европската иднина на Албанија е неодолива од траекторијата на Западен Балкан. Овој процес не го гледаме како натпревар меѓу земјите кандидатки, туку како пат, кој го одиме заеднички, дестинација која е незибежна и приородна припадност на нашите народи, посочи Спиропали.

Министерката за Европа и надворешни работи, Спиропали нагласи дека силно ја поддржуваат Македонија кон европскиот пат и тоа, како што вели, не само поради тоа што двете земји се партнери, туку затоа што нашата земја со јаки институции е сигурност за целиот регион.

-Албанија го поддржува интегрирањето на Македонија во Европската Унија, затоа што делиме заедничка иднина и затоа што овде живее еден држвотворен народ, којшто е 33 проценти според последниот Попис, истакна Сиропали.

Back to top button
Close