Сплиќани покажаа нечовечност кон жртвата Сашко. Го испратија со УАААА и свирежи.

Како очевидец кој случајно дента од Задар со мојот колега од МРТВ Зоран Таневски испратени да известуваме од распадот на СФРЈ дојдовме во Сплит во истите мигови кога Зенгите( хрватската паравојска) и граѓани на Сплит протестираа пред адмиралштабот на тогашната Воена морнарица на ЈНА на СФРЈ сместен на тогашната Лора во центарот на градот буквално на брегот на Јадранското море.

Сплиќани во тие месеци и денови на распадот беа крајно непријателски настроени према војниците на ЈНА. Не е точно дека Сашко Гешовски го застрелал капетан на ЈНА туку тој распореден да го штити влезот во адмиралштабот беше застрелан од припадник на Хрватските Зенги а војникот од Кичево кој беше на сликата која го обиколи светот како го дават граѓани качен на воено возило (хаубица ли сто ли беше) за среќа се спаси и го однесоа во болница.

Со колегата известувавме за МРТВ за овие црни денови. Според мене не беше само страшно убиството на младиот Сашко туку и начинот како Сплиќани се однесуваа со испраќањето на сандакот со телото на убиениот војник.

Адмиралот нареди сандакот да го изнесат пред зградата војниците да се постројат и да се простат од загинатиот другар.

И тука според мене беше нај одвратното и нај ужасното што го доживеав во деновите на распадот на сега бившата држава. Граѓани на Сплит со автомобили организирано и тоа ги имаше многу, вртеа околу зградата на адмиралштабот и свиреа со колите за да прават бука и да неможе адмиралот да го одрзи говорот крај ковчегот на Сашко и построените негови другари од војничките денови. На крај мораа да го внесат ковчегот во зградата и простувањето со Сашко да биде во затворен простор пред другарите кои плачеа на цел глас се прегрнуваа легнати на подот. Сплиќани не дозволуваа дури ни сандакот да биде изнесен за да биде пренесен на аеродром со авион да го однесат во Скопје. Никогаш до тогаш не ми се згадиле толку такви луѓе нелуѓе. Во тие воени денови во Сплит имаше приватна ТВ, таа Што го сними и давењето на војникот на хаубицата и на таа ТВ и некое нивно радио упатија апел како за другите загинати нивни Зенги и за Сашко вечерта како недолжна жртва на безумието да запалат свеќи на прозорците. Со колегата шетавме и немаше буквално ни една запалена свеќа.

Се сеќавам дека во известувањето за вечерниот дневник на МТВ полн со гнев во себе од рецепцијата на еден хотел телефонски се вклучив во вестите и буквално кажав дека Сплит и неговите граѓани требе да се срамат како се изживуваа и со свирежи го попреччуваа достоинственото испраќање на загинатиот војник од Македонија и да кажав дека Сплит станал град на разулавени националисти.

Рецепционерот кој го слушаше моето јавување ми пријде и ми рече ако бар малку ви значи простете за ова безумие и нечовечност на мооите сограѓани. Простете ни. Јас до ден денес не сум бил нити ке отидам во Сплит,толку бар можам да им вратам за нечовештилукот што го видов.

Затоа да бидам искрен читав скоро некоја иницијатива да ставеле спомен обележе на местото каде што беше застрелан од Сплиќани, а не од некакви капетани на ЈНА.

Мој совет за иницијаторите и семејтвото на Сашко,нема потреба од обележје едноставно Сплит беше негов непријател и кога беше мртов и не заслужува овој град никаква плоча обележје дека таму загинал првиот војник на ЈНА во распадот на државата кој почнуваше.

Aцо Кабранов
Скопје 5 мај 2025

Back to top button
Close