Спомениците од НОБ ќе се реконструираат од идната година

 

Четири национални установи ќе бидат задолжени за реставрација, реконструкција и одржување на спомен обележјата од НОВ. Ова е предвидено во Националната стратегија за зачувување на спомениците која е во изработка и која треба да почне да се спроведува од наредната година.

Реакцијата од Министерството за култура доаѓа откако во јавноста се обелодени за лошата состојба во која се наоѓа Спомен костурницата во Куманово, но и за распаѓањето на училиштето во Подвис, кое е прогласено за културно наследство и каде што за првпат е одржана настава на македонски јазик.

-Токму затоа решивме дека во 2023 година да почнеме со Национална стратегија, каде што ќе ги поделиме надлежностите на четири музеи кои ќе добијат пари и кои ќе бидат фокусирани на овие спомен обележја, рече министерката која посочи дека Конкурсот за финансирање проекти од национален интерес стартува в понеделник.

Таа додаде дека повикот ќе трае еден месец, а новина оваа година дека ќе се аплицира преку националниот портал „Е-услуги”, наместо како досега преку сајтот на Министерството.

-Вака се поедноставува процедурата и се заштедува време на апликантите, рече Костадиновска,

Back to top button
Close