СПОМЕНИК НА ГЛУПОСТА

Швајцарија ќе даде 3 милиони евра за реконструкција на пречистителната станица за отпадни води во Куманово.

Истата пречистителна станица беше изградена во 2005 година. Чинеше 10 милиони евра, исто така пари обезбедени од швајцарските даночни обврзници.

Со помош на Швајцарија досега се изградени пречистителни станици во осум македонски градови уште пред дваесетина години. На сите им треба замена на системите и одржување, а некои од Општините се жалат и дека многу плаќале за струја.

Е па, кој им е крив на Швајцарците. Штом си ги направиле пречистителните станици, сега нека си ги поправаат. Па и струјата нека ни ја плаќаат.

Нашите Општини, парите за комуналии што им ги плаќаат граѓаните си ги потрошија за плати на шофери, секретарки, референти… Добро, де. И за споменици.

Нам ни треба еден голем Споменик на глупоста. Кој власта, од која и да е партија, ќе го подигне во спомен на глупавите гласачи, што 35 години секогаш одново и одново паѓаат на истите финти.

Целата колумна на Горан Михајловски на СДК.МК

Back to top button
Close