Според доцната излезна анкета на Ипсос, Анджеј Дуда се избори за тесна победа во претседателската трка во Полска

Актуелниот полски претседател, Анджеј Дуда, се чини обезбеди тесна победи на претседателските избори во Полска, со освоени 51 процент од гласовите, покажа доцна синоќа последната анкета на Ипсос, која има маргина на грешка од еден процент, јави ДПА.

Неговиот ривал на изборите, либералниот градоначалник на Варшава, Рафал Трасковски, обезбеди 49 отсто од гласовите, покажаа последните податоци на „Ипсос“.

Доцната анкета се темели на официјалните резултати од 450 гласачки места и анкети за излезноста од други 50 станици, појасни германската агенеција.

Во претходната излезна анкета, базирана само на излезноста на гласачите од истите 500 избирачки места, предноста, исто така, ја имаше Дуда со 50,4 отсто од гласовите, наспроти 49,6 проценти од Трасковски.

Актуелниот претседател сакаше да прогласи брза победа уште ноќеска, иако официјалните резултати се очекуваат најрано денеска.

-Да се ​​победи на претседателските избори со одзив на гласачите од 70 проценти е нешто неверојатно. Трогнат сум, рече Дуда во Пултуск, на околу 60 километри северно од Варшава.

Веројатната победа на Дуда би значела дека владејачката национално-конзервативна партија Право и правда (ПИС) и нејзиниот лидер Јарослав Качински можат да ја консолидираат својота моќ до парламентарните избори, што ќе се оддржат есента 2023 година.

Реизборот може да биде клучен за неговата партија, која во моментот не го командува парламентарното мнозинство неопходно за одбивање на претседателско вето. Претседателот од спротивната партија може да го искористи правото на вето за да го блокира законодавството.

Пред изборите, противниците на Дуда и владата на ПИС изразија стравување дека втор претседателски мандат би можел да го охрабри ПИС да ги ограничи слободите во медиумите, судовите и локалните самоуправи, со што режимот станува се поавтократски, пренесе ДПА.

Но, во изборната вечер, актуелниот претседател излезе со помирувачки тон, поканувајќи го Рафал Трасковски во претседателската палата.

-Сакам да се ракуваме … за да можат сите наши сограѓани да го видат овој гест, за да можат да се оладат емоциите, затоа што во голем број наврати отидоа премногу далеку, рече Дуда.

Back to top button
Close