Според МВР: нападот врз серверот на ДИК бил од странски интернет провајдер, се бара меѓународна помош

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика на МВР информира дека доставил известување до скопското обвинителство во кое укажува дека при крајот на изборниот процес, а особено во текот на објавувањето на прелиминарните резултати бил регистриран DDoS напад кој што бил насочен на страната https://www.sec.mk/. Тој влијаел на оневозможувањето на публикувањето на резултатите од апликацијата на дедицираниот сервер за објавување на прелиминарните резултати. Нападот, како што соопшти МВР бил извршен однадвор.

„Секторот за Компјутерски криминал и дигитална форензика во соработка со Јавното обвинителство ги користи сите механизми за меѓународна соработка со интернет сервис провајдери кои се надвор од наша јурисдикција, со цел добивање на податоци за корисниците на нивните сервиси. Истрагата за овој случај продолжува во насока на утврдување на ИП адресите од каде што е пристигнат нападот, собирање на дополнителни информации за утврдување на нарачателот на овој напад како и утврдување дали имало други причини кои влијаеле или се поврзани со неможноста на објавувањето на прелиминарните резултати“,се вели во писменото соопштение од МВР.

Оттаму укажуваат дека од анализата на сите податоци кои ги добиле од фирмата ДУНА КОМПЈУТЕРИ, не е утврдено нефункционирање на системите или застој во процесот на безбедносната афтентикација на корисниците за прием и внес на резултатите од изборните комисии.

Back to top button
Close