Според премиерот, во Договорот со „Бехтел и Енка“ се предвидени и поскапата и поевтината варијанта за коридорите 8 и 10-д

Ковачевски денеска зборуваше и за тајноста на договорот со „Бехтел и Енка“, за што рече дека има компании кои имаат потреба дел од напишаните договори да останат деловна тајна, но нагласи дека до договорот може да стигнат сите надлежни институции, па затоа ги повика Антикорупциската комисија и обвинителството да го испитаат случајот од почеток до крај. Повици да излезат со свои ставови повторно упати и до владите на САД и Турција.

Според премиерот, во Договорот со „Бехтел и Енка“ се предвидени и поскапата и поевтината варијанта за коридорите 8 и 10-д”.

За изградбата на коридорите 8 и 10-д од страна на американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ се предвидени двете варијанти – поевтина и пократка со која автопатските делници ќе се изградат побргу (57 месеци или ќе бидат готови во 2027 година) и тоа ќе чини помалку пари, но и поскапата и подолгата за која досега јавно не се соопштени точна сума и временски периодот.

Првата опција е изводлива доколку во Собранието се изгласаат измени на Законот за работни односи со кои ќе се овозможи подолга работна недела од актуелната (сега е дозволено 40 редовни +8 прекувремени работни часа неделно), втората, пак, е во сценарио според актуелните законски решенија.

Oвие две варијанти, кои и вчера на брифинг со новинарите ги наведоа владини претставници, според денешната изјава на премиерот Димитар Ковачевски, се предвидени во договорот за изградба што беше потпишан со „Бехтел и Енка“.

„Ако се усвои од страна на пратеници, исто така по предлог на пратеници, да се овозможи само за ваков тип на стратешки проекти од национално значење да има 60-часовна работна недела, значи дека повеќе пари ќе има во државата, секој работник кој ќе се согласи доброволно да работи 60 часа, ќе добие платено прекувремена работа и плус 50 проценти за работа во недела. Тоа значи дека проектот прво ќе трае пократко и ќе чини помалку. Доколку остане оригиналното, како што имаме сега 40-часовна работна недела за сè, иако во моментов има одредени индустрии кои работат во недела, тоа значи дека прво проектот ќе трае подолго, што исто така е предвидено согласно договорот, и плус ќе биде платено повеќе работна сила која ќе биде донесена од странство бидејќи ’Бехтел и Енка‘ се имаат обврзано тој автопат да го направат согласно договор кој е над 400 страници и нема да ја нарушуваат својата репутација да не изградат пат во одреден проект во кој учествуваат“елаборираше денеска Ковачевски на заедничка прес-конференција со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

Тој не спомена суми колку ќе се плати поскапо ако не се сменат законите, а не сакаше ниту да ја потврди или негира веродостојноста на деловите од договорот, кои ги објави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

„Јас воопшто не сум видел какви документи објавувал потпретседателот Николоски“рече премиерот кој е дециден дена нема никакви пенали.

Back to top button
Close