Според воената моќ С. Македонија е на 135 место од 142 држави во светот

Според годишниот извештај на „Global Firepower“ во кој се оценува воената моќ на секоја земја, Северна Македонија е на 135 место од вкупно 142 земји колку што биле земени во предвид.

Први на листата се САД, по што следуваат Русија, Кина и Индија. Во топ десетте најсилни армии уште се и Јапонија, Јужна Кореја, Франција, Велика Британија, Пакистан и Бразил.

Годишниот извештај ги оценува воените капацитети на државите, и тоа од разновидноста на оружјето и расположливата човечка сила, до географската локација и финансиската моќ, со цел да се утврди кои нации доминираат во светот според воената моќ. Во анализата се проценуваат повеќе од 50 фактори. Стрелките во боја покажуваат споредба на трендовите од година во година.

Во регионот најголема воена сила е Србија, рангирана на 61 место во светски рамки. Веднаш зад Србија е Хрватска која е на 62-ро место. Црна Гора е на 132 место, Албанија 115, Косово на 140-то место од 142 земји земени предвид. Последни на листата се Исланд и Бутан.

Back to top button
Close