Според Заев, протестот на оризопроизводителите е организиран од ВМРО-ДПМНЕ

Оризопроизводителите добиваат субвенции од пет денари по килограм, што значи дека и најниската цена е покриена, а дополнително, како Влада, дадовме и три денари по килограм за оризовата арпа, со конечна цел да може да се надомести производниот трошок и да остане и за оризопроизводителите, истакна денеска премиерот Зоран Заев.

– Бевме подготвени овие средства да им ги дадеме на откупувачите за да ја подигнат цената на 25 денари за килограм, но тие не се согласија. Оризопроизводителите ги знаат сите чекори што сме ги презеле, бидејќи трите денари се директен државен интервенционизам што го практикуваме четири години по ред, но убеден сум дека денеска заради политички причини има блокирање на патиштата. Апелирам за разумност. Изборите се една работа, а граѓаните и Владата се друга работа. Соработката продолжува и секој пат сме тука да помогнеме, рече Заев во одговор на новинарско прашање  на денешната прес-конференција во Владата на која беше најавена големата германска инвестиција – ветерниот парк „Вирови“.

Back to top button
Close