Спортот, измамата и национализмот

Спортувањето особено го засакав некаде во седумдесеттите кога разбрав дека тука нема лажење. Наспроти измамите со кои се среќавав во мојата академска средина, во политиката и во животот воопшто, каде поединци кои не заслужуваат, без критериуми и со разни марифетлуци, победуваа во битката за освојување позиции и одличја, во спортот добиваш само онолку колку што ќе вложиш.

Не може некој да истрча, да речеме, девет километри ако претходно долго не тренирал и добро не се испотил. Тие години, дванаесетминутниот тест од страниците на белградска „Политика“ која прва почна да пишува за „аеробикс“, методот според кој тренираа американските астронаути, точно ме смести во категоријата во која припаѓам.

Со оглед на фактот дека пушев по малку и дека не спортував, имаше основа за загриженост со сопствената кондиција и категоријата во која се најдов на неполни триесет години. И не беше само кондицијата во прашање. Научив дека, во спортот, ако тренираш редовно нема никакви шанси некој легач да те победи. Тоа апсолутно не е можно. Со шашми можеш и професор и академик и важен политичар да станеш, но шашми во спортот не помагаат.

Всушност, кога би се обидел да влезе во натпревар, легачот би паднал после првиот километар-два зашто ништо без напорен тренинг. Тоа чувство дека нема измама во спортот и дека колку ќе вложиш во тренинг толку и само толку ќе добиеш, си помислив, е критериумот кој безуспешно се обидуваме да го воведеме во нашиот секојдневен живот полн со измамници. Мислам на критериумот кој вели дека одличното е непријател на доброто и многу доброто. Критериумот кој посега по одличност. На англиски excellence од зборот excel да се биде супериорен, да одиш потака од другите.

Вака некако мислам размислува и новиот капитен на македонската фудбалска репрезенртација, Стефан Ристовски, чија изјава ме поттикна да ги напишам овие редови.

И додека национално егзалтираниот спортски коментатор ги сумира трите порази на македонската репрезентација како една голема победа(?!), нашиот репрезентативец мисли поинаку.

Коментаторот, притоа, не објасни дека покрај сјаните фудбалери на првенството се пласиравме и заради променетите правила кои за прв пат овозможија послабите европски тимови да се натпреваруваат меѓусебе за учество. Промената на правилата не наиде на сесрдна поддшка во Европа.

Се сеќавам на коментарот на лондонски „Гардијан“ кој однапред ги отпиша тимовите кои така ќе се квалификуваат. Но, амбициите на нашите репрезентативци беа поголеми од само учество.

„Доста се тешиме само со тоа што сме тука на Европското првенство и дека сме некакви херои. Јас не се задоволувам само со учество, но некои фудбалери не можат да разберат дека фудбал се игра 90 минути. Да, направивме успех со пласманот на Европското првенство, но јас дојдов тука со амбиции да дојдеме до резултат, до бодови, а не да бидеме туристи. Јас сакам и во иднина да постигнувам резултатски успеси за Македонија, затоа што знам дека можеме, а не да се палиме само со атмосфера“, вели Ристовски.

„Да се палиме со атмосфера“ јас го разбирам како друг израз за неумерен патриотизам, кој, ева, секогаш ќе го има додека постојат нации.

Повеќе сакам да губам како „Шкотска“ отколку да победувам како „Велика Британија“ вели шкотски навивач за време на олимпијадата во Лондон соочен со правилата на игрите кои бараа заедничка фудбалска репрезентација.

Спортот е често поврзан со национализмот како симболичен натпревар меѓу нациите на исшараните во национални бои лица на навивачите. Спортот е исто така сила за добро која го зајакнува националниот идентитет и единството на нацијата. Само, не треба да се претерува. Таа национална егзалтација, тој грч на лицата за победа, тоа „сега ќе му покажеме на светот кои се Македонците“, тоа мешање на политиката во спортот не е по вкус на умерените луѓе: на спортистите како капитенот на македонската фудбалска репрезентација и на спортистите аматери кои знаат колку е тешко да се поместуваат границите на издржливоста во натпревар прво со самиот себе а потоа и со ривали кои исто така сакаат да ги надминат другите во една фер и спортска атмосфер

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close