Спортските новинари им доделија награди за мир, спорт и добрососедство на Заев, Ципрас и Тупурковски


Вечерва во Струмица, на научниот симпозиум на Асоцијацијата на спортски новинари на Северна Македонија беа доделени признанија за мир на поранешните премиери на Северна Македонија и Грција, Заев и Ципрас, како и на поранешниот претседател на Македонскиот олимписки комитет, Тупурковски.

На настанот присуствуваше и грчкиот новинар Јанис Дарас, потпретседател на светската асоцијација на спортски новинари и спортски новинари од Република Грција.

Во своето обраќање на настанот, Заев истакна дека за него постои само една и единствена награда за мир – а тоа е самиот МИР. Заев истакна дека воените арсенали треба да се заменат со ползување на „оружјето“ на совеста, добрата мисла и добриот збор, со „оружјето“ на подадената рака, со „оружјето“ на компромиси, пријателство, заедништво, соработка и отворање нови хоризонти кон иднината

Back to top button
Close