„Спутник V“ во бременост: Не се забележани сериозни нус-појави
Центарот „Гамалеја“, кој ја разви првата регистрирана вакцина против коронавирус на светот, соопшти дека во рамките на клиничка студија на вакцината „Спутник V“ е регистрирана 21 бременост (од три до осум месеци) и дека притоа не се забележани сериозни нус-појави.
„Нема забележани случаи на сериозни нус-појави. Покрај тоа, се анализираат податоците за пациентките кои ја примиле вакцината во текот на масовната вакцинација“, го пренесува соопштението на центарот агенцијата ТАСС.
Во моментов можноста за вакцинирање бремени жени се разгледува како приоритет, бидејќи заразувањето со коронавирус во текот на бременоста е опасно по живот.
На 18 мај 2021 се роди првата генерација животни кои ја примиле вакцината во текот на бременоста. Кај новородените животни засега нема патолошки промени.
извор rbth.com