СРАМНИТЕ “РОЛЈИ“ НА УСТАВНИОТ СУД
м-р Глигор Стоименов
Ех, каков беше некогаш Уставниот суд, институција за почит, знаеја често да речат постарите професори од Правниот факултет, потсетувајќи се на некои стари времиња. На оваа реченица сега за жал се додава онаа позната “мисла“, а на што личи ова сега, на ништо?
Да точно е тоа, со почетоците на партизација на оваа институција завршија и оние “убави времиња“ на Уставниот суд, времиња за почит!
Да бидам искрен тешко е понекогаш да се мотивирате да пишувате за Уставниот суд кога има толку многу други работи што би требало да се анализираат. Кога ситуацијата на политички план во државата е за никаде, некоја разочараност, летаргија и безперспективност лебди во воздухот меѓу луѓето, очекуваа многу а добија ништо. Една убиствена и заглупувачка атмосфера во медиумскиот простор на политички план во предизборието го направи нашиот народ тотално разочаран. Многу ниска политичка култура со бескрајно здодевни прес конференции и со една примитивна пропаганда ставена на најјако, абе што све не видовме. Гледаме цели делегации предводени од премиерот како одат на свечено отпочнување со градба на супермаркет, делегации што одат на поправка и асфалтирање на некоја улица, отворање чешми, па замислете се држат и пригодни говори за тоа. Го видовме и тоа чудо, како се приведува лице на распит (без налог) кое патем е на боледување, за да каже кај се печатите за да го сменат од директор затоа што ќе биле распишани изборите и веќе ќе било касно, ете тоа е Македонија. Кога го гледав тоа мислев дека е скриена камера, но за жал било вистина. Нека ценат граѓаните во каква држава живеат.
Уставниот суд за волја на вистината не се прослави многу изминативе десетина години. Ги паметиме сите оние интересни времиња во 2016 година околу поништување, укинување на одредби од закони, аболиции, амнестии, нарачани партиски одлуки, протести итн.
Исто така пред извесен период Уставниот суд одигра една “срамна ролја“ за што одамна сакав да пишувам, “ролја“ во служба на некого, а во врска со оценување на уставноста и законитоста на “Законот за солидарниот данок“ и одлуката за негово поништување. Оваа одлука според мене, а и според многумина други беше одлука за да му се угоди на некој, занемарувајќи ја околноста во која е донесен законот, целите и намерата на законодавецот. Едноставно рестриктивно толкување на одредбите како слеп за стап!!! Но политичките теми и настани се толку турбулентни, па на оваа тема верувам дека ќе се навратиме повторно некогаш.
Денес Уставниот суд за жал е пред нови искушенија во врска со онаа иницијатива околу Вториот протокол, па да видиме сега дали ќе биде на висина на задачата или ќе носи одлуки со партиско замешателство. Верувам дека притисокот ќе биде исто така голем околу тоа. Ова е сега примарно и актуелно и треба да го објасниме.
Но да тргнеме по ред.
Пред извесно време летово, до Уставниот суд поднесена е иницијатива за оценување на уставноста и законитоста на Протоколот од вториот состанок на заедничката меѓувладина комисија со Р.Бугарија, донесен 2022 година. Подносител на оваа иницијатива е една поранешна претседателка на партија, сега веројатно во пензионерски денови. Тој што ја составувал оваа иницијатива, кој и да е, бил во сериозен патриотски занес, (надахнут), ама гледано од аспект на правото и намерата нешто да се прогласи “противуставно“ во овој случај е само еден празен лист хартија. За жал во нашата земја долго време е така, нема наука, нема знаење, ако пројде ќе пројде. Со овој Уставен суд кој веројатно и така го перцепираат како “село без кучиња“ едноставно СЕ проаѓа, па затоа и вакви иницијативи се поднесуваат, не е случајно, но сепак демократија сме и се е дозволено. Во одбрана на оваа иницијатива за жал се надоврзаа многу “пара-патриотски сили“, буквално сите како пред гранапче, со две ракии, па ни кажуваат длабински анализи зошто Протокол “мора пасти“, бил предавство и не бил во согласност со уставот, ма ајде молим те!! Па кога ќе паднел протоколот, ќе падне и преговарачката рамка и се ќе се среди и ќе си живееме среќно и весело, како што “Мали Џокица“ замислува политика. Особено во овие анализи се истакнува еден многу “стручен“, поранешен амбасадор, во сериозни години, инаку “дежурен палјачо“ за надворешно-политичка и патриотска навигација, секогаш од некоја улица изјавува нешто, бла, бла, абе врска нема со ништо.
Но почитувани, не сме тука да бидеме како нив, туку мора да ја кажуваме вистината поткрепена со словото на уставот, законот и меѓународните договори. Без разлика на ризикот секогаш да бидете на страната на предавниците, имаме должност да не ги лажеме и манипулираме луѓето. Една од тие манипулации која ја верглаа долго време беше и тоа дека усвоените два протоколи се дел од преговарачката рамка, тогашната опозиција така го лажеше народот а тој и веруваше, па сега Министерот за Надворешни работи конечно призна дека протоколот НЕ е дел од преговарачката рамка и каква и да била одлуката на Уставниот суд нашите обврски за уставни измени остануваат. ЕУРЕКА!! Добро е понекогаш кога луѓето ќе разберат дека мора да ја кажуваат вистината. Па што пишувавме бе три години до сега дека протоколите не се дел од преговарачката рамка туку само записници со појаснувања и насоки, дали некој ќе се извини, абе никој, штама!!!
Но да почнеме по ред.
Имено, подносителот на иницијативата наведува дека: Протоколот (се мисли на протоколот од Вториот состанок), е во спротивност со Уставот бидејќи не е ратификуван во Собранието.
Како прво, називот Протокол дефиниран согласно меѓународното право се однесува на дополнителен акт на претходно склучен меѓународен договор со кој се проширува досегот на претходниот договор, се толкуваат одредени работи, се појаснуваат, се дообјаснува смислата на определени институти или установи или пак се регулираат определени прашања за кои меѓу страните договорнички не постоела согласност и има потреба од дообјаснување на истите.
Ова е дефиницијата за називот Протокол. Не знам што има тука нејасно. Подносителот на иницијативата тоа морал да го согледа кога тврди дека содржината на протоколот излегува надвор од рамките на правен акт и предизвикувал штетни дејствија врз идентитетски прашања. Тоа нема врска, едноставно ова е само политички насочено толкување, ништо друго. Ако внимателно се прочита протоколот ќе се види дека нема никакво отстапување од рамките. Се што е наведено таму е прецизирање од страна на меѓувладината комисија околу превземените обврски кои ги имале и ќе ги имаат понатаму страните согласно Договорот за добрососедство, ништо повеќе. Единствено нешто што е дообјаснето (а не е дел од Договорот за добрососедство) е она што произлегува од Преговарачката рамка, а тоа е внесување на Бугарската заедница во Уставот, а тоа е впрочем обврска од Преговарачката рамка која овој Протокол ја прецизира, што е всушност и негова задача. Нели веќе рековме дека Протоколот го дообјаснува и прецизира основниот договор. Не знам што овде не му е јасно на подносителот. Сега доаѓаме до клучниот момент за што се фатил подносителот, дека протоколот не бил ратификуван во Собранието и немал никаква правна сила, не бил полноважен?? Оваа работа сум забележал дека не ја познаваат многу правници, адвокати и повторно прават грешки околу овие прашања. Основната грешка што ја прават е тоа што не ја познаваат и не ја разработиле Виенската конвенција за договорно право (1969), која е еден вид lex specialis (специјален закон) за оваа област. Не знам зошто сите како папагали постојано повторуваат ратификација па ратификација, абе каква ратификација, алооо!!Имено, протоколот од вториот состанок на заедничката меѓувладина комисија со Бугарија НЕ е документ чија што ратификација е неопходна за да тој има правна сила. Ратификацијата (усвојување во парламент) како услов за полноважност на еден договор е обично предвидена во самиот договор. Во протоколот нема таква работа ниту треба да има, доволен е само потписот на двете овластени страни, односно министрите за надворешни работи. Исто така согласно Виенската конвенција која го разработува ова прашање до колку договорот ‘молчи“ околу ова прашање, односно не е предвидена негова ратификација за да стапи на сила, правниците изготвувачи на оваа конвенција се сложиле дека потписот, односно изразената волја на страните преку потпис на овластени претставници на еден документ ќе биде доволен аргумент за еден договор да биде полноважен. Дури е усвоено и правилото дека еден договор за кој постои обврска за ратификација а се уште не е ратификуван, ќе се смета за полноважен до колку страните преку изразена волја ги практикуваат одредбите од тој договор извесно време. Ова се накратко правните правила согласно Виенската конвенција кон што ние мора да се придржуваме како страна потписничка на конвенцијата, особено Уставниот суд кога ќе цени дали е нешто противуставно или не. Значи и оваа основа на подносителот е неиздржана. Имено, со потписот и изразената волја на двајцата министри за надворешни работи од македонска и бугарска страна, овој протокол, согласно меѓународното право е полноважен и не е спротивен на уставот. Обично и пракса е до сега за документи од ваков тип, (протоколи) каде што се прецизираат и појаснуваат одредени работи од основниот договор воопшто да не бидат предвидени инструментите на ратификација.
Што се однесува до другите наводи на подносителот само на кратко ќе ги објасниме за да не го обременуваме овој текст со непотребни работи. Подносителот уште наведува дека бил прекршен член 8 од Уставот и таму наведува ставови, алинеи итн. Но ова е лесна задача за Уставниот суд да ја утврди правна неиздржаност на овие наводи. Навистина не знам каде тоа во Протоколот се засегнати човековите слободи и права, слободното изразување на националната припадност и внимавајте прекршување на општо прифатените норми на меѓународното право, аууууу!!! Ова е лесна задача за Уставниот суд. Што се однесува до наводите на подносителот дека овој Протокол внимавајте, треба да се поништи затоа што бил во спротивност со императивната норма на општото меѓународно право. Е ова е веќе глупост, нема друг термин. Меѓународното задолжително право (ius cogens), општо право, е оној дел од меѓународното право што го сочинуваат нормите кои се основа на меѓународниот правен поредок, односно правила од кои што државите не се овластени да отстапат по пат на договор. Императивна норма на општото меѓународно право е онаа норма која е прифатена од целата меѓународна заедница. Тоа се норми од видот: забрана на употреба на сила, забрана на геноцид, расна дискриминација, сувереност на државите, право на самоопределување итн. Каде видел овде подносителот прекршување???? Ќе му оставиме на Уставниот суд да ги процени наводите на подносителот за прекршување на општите императивни норми на меѓународното право во Протоколот. Повторно лесна задача за Уставниот суд како за во второ одделение. Што се однесува до наводите дека овој Протокол е спротивен со наведените членови 6-16, 19, 20 и член 26 од Законот за склучување, ратификација и извршување на меѓународни договори, тие се сосема безпредметни и веќе ги објаснивме, само се повторуваат овде. Имено, ние како држава со усвојувањето на Виенската конвенција за договорно право во 1999 година станавме страна на овој договор, односно страна потписничка на конвенцијата. Конвенцијата е меѓународен договор со сила на закон и има примат како специјален закон кој уредува иста материја (lex specialis) над (Законот за склучување, ратификација и извршување на меѓународните договори од 1998), Конвенцијата е наш “специјален закон“ и таа е извор на правото за оваа област по која се ориентираат и работат правосудните органи и Уставниот суд. Наводите на подносителот овде се сосема непотребни и безпредметни затоа што овие теми веќе ги објаснивме образложувајќи ги правните правила согласно Виенската Конвенција.
Уставниот суд треба и мора да ги земе во предвид овие аргументи и да не подлегнува под партиски притисок на овие “квази-патриотски“ сили кои немаат никакви правни аргументи туку само сакаат да направат одредена штета и да водат политика, веројатно на подносителите им е досадно веќе по дома. Едноставно треба да се отфрли оваа зафрканција.
Да се надеваме дека уставниот суд нема да се посрамоти овој пат.