Србија: Дел од вработените во Радио Белград ги поддржаа студентските барања
– Група вработени во програмата за култура и уметност на Втората и Третата програма на Радио Белград денеска ги поддржаа барањата на студентите кои со недели ги блокираат факултетите, барајќи да се утврди одговорноста за смртта на 15 лица во уривањето на настрешницата на реконструираната железничка станица во Нови Сад на 1 ноември.
Вработените објавија соопштение во кое ги поддржаа студентите „во нивните демократски напори да обезбедат одговорните институции во Србија да се занимаваат со прашањата за кои се надлежни, како и во нивните барања да се почитуваат законите и Уставот на Србија“.
„Оваа генерација млади луѓе нè враќа, преку ненасилна борба, кон вредностите на правдата, духот на слободата и одговорноста. Наше е да ја слушнеме нивната лекција за политичка култура“, се вели во соопштението на, како што е потпишано, „мнозинството“ вработени во Културно-уметничката програма на Втората програма на Радио Белград, Музичката редакција на Втората програма, Драмската програма на Радио Белград, Редакцијата за документарна програма и политичка култура на Втората програма на Радио Белград, Продукцијата на Втората програма на радио Белград и Третата програма на Радио Белград