Србија и Унгарија потпишаа заедничка политичка декларација
Властите на Србија и Унгарија потпишаа заедничка политичка декларација и шест договори во Будимпешта на 14 ноември, по состанокот на Советот за стратешка соработка на двете земји.
По втората седница на Советот за стратешка соработка на Србија и Унгарија, заедничка политичка декларација потпишаа претседателот Александар Вучиќ и премиерот Виктор Орбан
Унгарскиот премиер Виктор Орбан по потпишувањето на договорот изјави дека Србија и Унгарија се обврзани со пријателски односи, како и дека двете земји гледаат шанса во „новата реалност“ во светот што се отвори откако Доналд Трамп победи на избори во САД.
„Она што е ново е ситуацијата во светот. Ние ја нарекуваме новата реалност предизвикана од исходот на американските избори. Сега новите сили кои досега беа потиснати ќе бидат успешни“, смета Орбан. (РСЕ)