Србија изрази желба да биде домаќин на средба помеѓу Трамп и Путин
Покрај Швајцарија и Србија изрази подготвеност да биде домаќин на евентуална средба помеѓу следниот претседател на САД, Доналд Трамп и претседателот на Русија, Владимир Путин.
Српскиот претседател, Александар Вучиќ изјави дека Србија е заинтересирана за таков настан и дека може да гарантира целосна безбедност за двајцата претседатели.
Според него, Србија во основа е надвор од двата блока, односно НАТО и ОДКС и во суштина е независна земја.
„Истовремено, ова е земјата каде што претседателот Трамп имаше најголема поддршка во цела Европа. Не постои ниту една земја што може да се спореди со Србија во однос на нивото на поддршка за претседателот Трамп“рече Вучиќ.
А потоа додаде дека Путин е многу популарен и во Србија.
„А од друга страна, ова е земја во која претседателот Путин е сè уште многу, многу популарен. Така, мислам дека тоа е место на Земјината топка што би било исклучително погодно за двајцата“,рече Вучиќ.