Србија прати воен разузнувач за амбасадор во Бугарија

Новоназначениот српски амбасадор Милан Равиќ, кој е поврзан со военото разузнавање на Србија, му ги предаде акредитивите на претседателот Румен Радев, објави БГНЕС.

Според медиумот, пред да влезе кај претседателот, Равиќ бил пречекан со официјална церемонија со учество на гардистите во претседателството.

Равиќ е роден на 12 октомври 1982 година во Краљево, каде што завршил основно и средно училиште. Дипломирал политички науки за меѓународни односи во 2008 година на Факултетот за политички науки на Универзитетот во Белград, каде што се специјализирал во 2012 година.

Во 2009 година дипломирал на Курсот за резервни офицери на Воената академија во Белград и бил унапреден во чин потпоручник во резервната пешадија. Работел и во Воено-разузнавачката агенција на Министерството за одбрана на Република Србија од 2010 до 2015 година како независен аналитичар.

Од 2015 година работи во Канцеларијата за координација на преговорите со властите во Приштина, каде што до 2021 година прво работел како независен советник во Одделот за подготовка, следење и координација на процесот на преговори, а од 2021 до 2022 година ја раководел оваа единица како раководител на Одделот. Зборува англиски јазик. Оженет е и има едно дете

Back to top button
Close