Србија: РТС со прилози за протестите на студентите; СНС со реакција дека тоа е „прекршување на правилата и вредностите за непристрасно новинасртво


Откако владејачката Српска напредна странка (СНС) денеска објави соопштение во кое го осудува известувањето на Радио телевизија на Србија (РТС) во попладневните вести – професионално изработен прилог за студентските демонстрации беше емитуван и на главната информативна емисија – Дневник во 19: 30 часот, јави Бета.
По седумминутниот прилог, во кој имаше инсерти на кои се гледа колку се масовни протестите, водителката на Дневникот прочита соопштение од СНС во кое се тврди дека извештаите се непрофесионални и скандалозни и оцени дека РТС ги „прекршила сите правила и вредности“ со нив и „објективното и непристрасно новинарство“.

Претходно РТС во своите вести во 16 часот и 30 минути и 17 часот и 30 минути направи петминутни извештаи за протестот во Нови Сад, на кој денеска учествуваат десетици илјади студенти и граѓани, а за првпат и инсерти од дрон каде беше видено во нивните извештаи кои покажаа колку граѓани се собрани.

Објективното известување на РТС за протестот во Нови Сад веројатно беше една од причините зошто владејачката партија во соопштение на својата веб-страница „ги предупреди граѓаните на Србија дека тоа е злоупотреба“.

„Оние кои треба да го претставуваат јавниот сервис на граѓаните на Србија најбрутално, застанувајќи на страната на политичарите кои сакаат да го урнат уставниот поредок на Србија, ги прекршиле сите новинарски кодекси и грубо ја злоупотребиле новинарската професија“, се додава во соопштението на СНС. Во соопштението тие ги информираа граѓаните дека „ќе ги иницираат сите неопходни процеси во наредните денови“ и ќе направат се што можат за, како што наведоа, „да ги заштитат институциите на Србија, се со цел да се спречи дополнително понижување на државата и јавноста да не биде измамена на невиден начин“.

Back to top button
Close