Србија: Сите ученици од понеделник се враќаат во училишните клупи  

Од понеделник во сите основни и средни училишта во Србија ќе се применува првиот модел на настава, односно учениците со физичко присуство ќе ја следат наставата, одлучи Тимот за следење и координирање на примената на превентивните мерки во работата на училиштата, јави дописникот на МИА од Белград.

Според податоците од надзорот преземен од електронскиот систем „Служба за јавно здравје“ кој до Министерството за образование, наука и технолошки развој го достави Институтот за јавно здравје на Србија „Д-р Милан Јовановиќ Батут“ во периодот од 9 до 17 февруари 2022 година бројот на болни деца на училишна возраст од 6 до 18 години имало 3.200 (0,42отсто) заболени, се наведува во соопштението на Министерството за образование, наука и технолошки развој

Учеството на деца на училишна возраст во вкупниот број потврдени случаи на ковид-19 во истиот период изнесува 4,3 отсто, се наведува во соопштението.

 

 

Back to top button
Close