Србија воведува задолжително одење во војска?

Министерот за одбрана на Србија Небојша Стефановиќ денеска нагласи дека работат на повторно воведување задолжителната воена обврска во Србија. Тој рече дека не може да каже дека таква одлука ќе биде донесена оваа година, бидејќи „има многу аспекти на кои мора да се смета“

Работиме на сето тоа и тоа е вистинска потреба на армијата, потребни ни се повеќе војници. Нашиот Генералштаб даде свое мислење зошто мислат дека ни треба редовно служење воен рок –  рече Стефановиќ.

Back to top button
Close