Србите на протест во Косовска Митровица го обвинија Вучиќ за предавство

Неколку десетици граѓани денеска протестираа во северниот дел на Косовска Митровица, при што го обвинија српскиот претседател Александар Вучиќ за „предавство“, а претставници на Српската листа за „неконтролирано богатење“.

Учесниците на протестот го прашаа Вуќиќ „зошто молчи“ за присуството на единиците на косовската полиција РОСУ во северниот дел на Косово и формирањето на војската на Косово.

 

Ако е незаконски, зошто молчиш Вучиќ – праша Небојша Јовиќ од Движењето за одбрана на Косово и Метохија, еден од организаторите на денешниот протест.

Тој побара од Вучиќ да ги „замрзне“ понатамошните преговори со Приштина додека единиците на РОСУ не се повлечат од северно Косово.

-Бараме сите уапсени Срби да бидат ослободени и албанскиот суд и полиција да немаат никакви овластувања да ги судат и апсат Србите на Косово и Метохија бидејќи тоа е спротивно на Уставот и Резолуцијата 1244. Бараме враќање на судот на УНМИК и на УНМИК полиција – посочи Јовиќ.

Тој побара и формирање на „координативно тело“ на Србите од Косово и Метохија, бидејќи, како што рече, Српската листа „не може“ да ги претставува.

Учесниците на протестот носеа транспарент со натпис „Вучиќ, Космет не те сака, ти не предаде – не ги сакаме ниту твоите ЗСО, ти не продаде“.

Митингот помина без инциденти.

Back to top button
Close