Сред кружен тек 20-метарски крст никнува на „Партизанска“ во Штип
Советниците на денешната седница на Советот на општина Штип „аминуваа“ поставување на крст висок 20 метри, кој ќе биде поставен во средината на новиот кружен тек кој ќе се гради кај АМСМ во Штип. Крстот ќе биде донација од бизнис секторот и е планиран на местото на сегашните дивоградби на булеварот „Партизанска“, пишува ММС.
Како што објасни Кирил Панајотов пред советниците, поставувањето на челичниот крст е на иницијатива на градоначалникот Иван Јорданов и со денешната одлука, симболот на христијанството станува дел од спомен – обележјата на територија на општината. Во септември би требало да биде готов, кога и кружниот тек.
На денешната седница не беше соопштен податок за вредноста на оваа донација. Инаку, висок крст веќе има на тврдината Исар и тој е донација на штипски бизнисмен