Средба Бајден – Шолц на 3 март

 

Американскиот претседател Џо Бајден ќе има средба со германскиот канцелар Олаф Шолц на 3 март во Белата куќа, соопшти денеска американската влада, јави ДПА.

Најважната тема на разговорите меѓу двајцата лидери ќе биде војната на Русија против Украина и како да му се помогне на Киев. До моментот на средбата, првата годишнина од војната ќе биде веќе помината.

Се очекува да се разговара и за други прашања поврзани со безбедноста, како што се односите со Кина. Тоа ќе биде втора посета на Шолц на Белата куќа откако стана канцелар во декември 2021 година.

Back to top button
Close