Средба Димитров – Ромео: Италија дава континуираната политичка и економска поддршка за С. Македонија

 Заменик претседателот на Владата задолжен  за европски прашања Никола Димитров денес имаше проштална средба со италијанскиот амбасадор во заминување, Карло Ромео, на која што беше изразено задоволство од досегашниот развој на односите и соработката меѓу двете земји.

Во оваа прилика, како што соопшти неговиот Кабинет, вицепремиерот Димитров упати благодарност за континуираната политичка и економска поддршка на Италија, која што е голем поборник за политиката на проширување на Европската Унија.

Соговорниците констатираа дека примарната водилка на новата Влада треба да биде евроинтегративниот курс и реформските начела кои тој ги подразбира, во функција на натамошен демократски и економски развој на државата и нејзина целосна интеграција во ЕУ.

– Тие разговараа и за актуелните внатрешно-политички состојби во двете земји, со акцент на активностите на владите за справување со пандемијата и во овој контекст, напорите за намалување на социо-економските последици, се додава во соопштението.

Back to top button
Close