Средба Ковачевски-Марфи на маргините на Минхенската безбедносна конференција

На маргините на Минхенската конференција за безбедност, премиерот Димитар Ковачевски имал разговор со Крис Марфи, член на Сенатот на Соединетите Американски Држави и поранешен конгресмен од Демократската партија.

-Сенаторот Марфи, кој одлично го познава нашиот регион искажа голема поддршка за нашата земја која ја гледа како идна земја членка на ЕУ со заокружен евроатлантски статус, што е особено важно од безбедносен аспект, напиша Ковачевски на својот фејсбук-профил.
На сенаторот Марфи премиерот му изразил благодарност од негово и од име на Владата и граѓаните на Северна Македонија за поддршката која САД ја даваат за нашата земја.
-Разговаравме и како исклучително важна ја оценивме регионалната соработка која последните години особено се интензивира и која има посебно значење кога станува збор за можностите за диверзификација во енергетскиот сектор за стабилно снабдување со енергенси, напиша Ковачевски на Фејсбук

Back to top button
Close