Средба Ковачевски – Мицкоски во рамки на широкиот консултативен процес

Во рамки на широката консултација претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, денеска во 15:00 часот, во Клубот на пратеници ќе одржи средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Како што соопштија од владината прес-служба, оваа средба е дел од низата планирани консултативни средби со лидерите на опозицијата, како дел од широката консултација за предлогот на француското претседателство, каде премиерот Ковачевски веќе одржа консултативни средби со лидерите на владината коалиција, со дипломатскиот кор, граѓанскиот сектор, со претставници на експертската јавност и медиумите.

По завршувањето на средбата, планирана е изјава за медиуми на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски

Back to top button
Close