Средба Ковачевски – Мицкоски за францускиот предлог

Премиерот и лидер на СДСМ Димитар Ковачевски денеска ќе одржи средба со претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во врска со францускиот предлог за тргање на бугарското вето и отворање на преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ.

-Во рамки на широката консултација која започна да се реализира веднаш по добивањето на европскиот предлог, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, во текот на утрешниот ден ќе ја одржи средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Оваа средба е дел од низата планирани консултативни средби со лидерите на опозицијата, како дел од широката консултација за предлогот на француското претседателство, соопшти Владата.

Во соопштението се потсетува дека по добивањето на предлогот од француското претседателство, премиерот Ковачевски одржал консултативни средби со лидерите на владината коалиција, со дипломатскиот кор, граѓанскиот сектор, со претставници на експертската јавност и медиумите.

-Премиерот Ковачевски најави дека секоја одлука за предлогот ќе се носи низ дијалог и консултации во интерес на иднината на сите граѓани на Република Северна Македонија, се нагласува во соопштението.

Средбата, како што потврдија владини извори за МИА ќе се одржи во 15:00 часот во Клуб на пратеници.ац/

Back to top button
Close