Средба Маричиќ-Гир: ЕУ со поддршка за реформите во правосудството

Министерот за правда Бојан Маричиќ и евроамбасадорот Дејвид Гир денеска имаа средба на која разговараа за законодавната агенда на Министерството за правда со акцент на разговорите за измените на Изборниот законик, соопшти Министерството за правда.
Министерот Маричиќ истакнал дека е задоволен од конструктивноста на разговорите за измена на Изборниот законик и посочил дека е постигната начелна согласност за исполнување на препораките на ОБСЕ и ОДИХР.
За време на состанокот, Маричиќ добил поддршка и охрабрување од евроамбасадорот Гир кој оценил дека досегашната работа на Министерството за правда е во вистинска насока и дека динамиката на реформи е добра.
Министерот Маричиќ истакнал дека во Министерството за правда ќе продолжи со силно темпо на реализација на законодавната агенда, без разлика на актуелните случувања на нашиот евроинтеграциски пат.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close