Средба на Ахмети со албанскиот амбасадор Река

 

Претседателот на Демократската унија за интеграција, г.  Али Ахмети, во седиштето на ДУИ во Тетово оствари работна средба со амбасадорот на Албанија во северна Македонија, г.  Фатос Река.

Амбасадорот Река ги пренесе честитките на премиерот на Република Албанија, г.  Еди Рама, упатени до претседателот Ахмети за победата на предвремените парламентарни избори на 15 јули.

Г-дин Ахмети изрази почит кон премиерот Рама и му се заблагодари на амбасадорот Река за коректниот однос на албанските институции и албанските партии.

Соговорниците го оценија изборниот процес како примерен и целосно регуларен, како што и прилега на земја членка на НАТО и во преговори за членство во Европската унија.

Г-дин Ахмети го информираше амбасадорот Река за напредокот на пост-изборните случувања, потенцирајќи ја потребата за брзо консолидирање на институциите што произлегоа од изборите и почитување на гласовите и волјата на граѓаните.

Демократската унија за интеграција има за цел да ги исполни своите изборни ветувања, вклучително и максимална посветеност кон преговорите со Европската унија, вклучително и економското закрепнување, бескомпромисна борба за владеење на правото и неселективна правда, зашѕита ма јавното здравје, но и реализација на сите точки од изборната
програма.

Ахмети повтори дека нема враќање назад од црвените линии, охридскиот, преспанскиот и добрососедскиот договор, но и нашите изборни ветувања.

Ахмети им се заблагодари на албанските власти за нивната поддршка и регионалното партнерство.

Демократска унија за интеграција

 

Back to top button
Close