Средба на Борел со партнери од Западен Балкан во Њујорк

Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, соопшти дека одржал традиционална средба со шест партнери од Западен Балкан, кои ги нарече идни членки на ЕУ.

Борел на платформата Х (Твитер) изјави дека на традиционалната средба со лидерите од Западен Балкан во Њујорк, на маргините на Генералното собрание на ОН, разговарал за актуелните глобални предизвици, усогласувањето, заедничката работа на мултилатерални форуми и реформите.

„Подготвувајќи се за следниот бран на проширување, сакаме да ја направиме прогресивната интеграција реалност“, рече Борел.

Back to top button
Close