Средба на градоначалникот Гошаревски со директорот на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот Јаневски

Подобрување на туристичката понуда за домашните туристи да доаѓаат во Преспа беше целта на денешната средба во Ресен на градоначалникот на Општина Ресен Живко Гошаревски со директорот на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот во Северна Македонија, Љупчо Јаневски.

Тоа, како што истакна Гошаревски, била иницијална средба на која се разговарало за продлабочување на соработката меѓу Агенцијата и Општина Ресен, но и креирање една регионална туристичка понуда, која ќе привлече поголем број туристи на повеќе атрактивни туристички места во регионот.

– Го информирав директорот за проектите што ги имплементира општина Ресен и тоа да биде вклопено во Националната туристичка понуда. Ја претставивме состојбата со туризмот во општина Ресен и визијата и насоката дека ја поддржуваме акцијата „Дома си е дома“, информира Гоашревски

Според него, добредојдена е секоја промоција од Агенцијата за што поголем број туристи во Преспа.

– Сооглед на состојбата во која се наоѓаме и затворањето на границите работиме на подобрување на туристичката понуда за нашите туристи да доаѓаат во Преспа, нагласи Гошаревски.

Back to top button
Close