Средба на Николоски и политичкиот директор на Орбан со посебен акцент на заемот од Унгарија
На состанокот во Будимпешта била потврдена и подготвеноста на Унгарија преку последната одлука на тамошната влада да испрати протипожарни возила и на тој начин да помогне во обезбедувањето на потребните ресурси за справување со пожарите со кои доновиве се соочува земјава
Политичките и економските односи, како и подготвеноста на Унгарија да помогне во справувњето со пожарите биле дел од темите на кои вицепремиерот и министер за транспрот, Александар Николоски разговарал на средба со политичкиот директор во кабинетот на шефот на унгарската влада, Балош Орбан (не се во роднинска врска со премиерот на Унгарија н.з.) во Будимпешта.

На средбата посебен акцент, како што соопштија од Министерството за транспрот“ бил ставен на заемот од унгарската влада од 500 милиони евра како помош на македонската економија.
„На средбата беа потврдени одличните политички и економски односи меѓу двете земји, а посебен акцент беше ставен на финансиската поддршка од 500 милиони евра што Унгарија ја овозможи на Македонија за поддршка на домашната економија. Заменик-претседателот Николоски изрази огромна благодарност до унгарскиот колега Орбан и ја потенцира подготвеноста на Владата за обезбедување на забрзан економски развој и унапредување на владеењето на правото и борбата против корупцијата“,се наведува во соопштението за средбата на Николоски, кој како што информираат од Министерството, денеска е во работна посета на Будимпешта.
Николоски од своја страна, се наведува, ја истакнал цврстата заложба на Владата за спроведување на потребните реформи. Била истакната и важноста на евроинтегративниот процес за одржување на стабилноста на регионот.
Во однос на политичките односи меѓу двете земји, вицепремиерот и министер за транспорт, Николоски истакнал дека тие се на високо ниво и ја нагласил „важноста од поддршката што Унгарија ја овозможува за Македонија во насока на забрзување на евроинтегративниот процес“.
„Покрај разменета на мислења во врска со билатералната соработка меѓу двете земји, заменик претседателот Николоски ги претстави и приоритетите на Владата во делот на условите и привлекувањето на странски инвестиции“,се наведува во соопштенито за средбата.
На неа, како што се додава, се отвориле и прашања за безбедноста на регионот и Европа, во врска со кои Николоски нагласил дека Македонија останува на курсот за активно учество за промоција на стабилноста и безбедноста одбранбените иницијативи на Европската Унија и НАТО за зајакнување на трансатлантска безбедност.
„Двајцата говорници се согласија дека соработката меѓу двете земји ќе продолжи на високо ниво, зголемувајќи ја преку искуставата на унгарската влада во европските процеси“,се наведува на крајот од соопштението.