Средба на „поглавиците“ или дебата на пратениците?
Ќе има ли лидерска средба, што ќе се добие ако ја има, а што ќе се порача ако ја нема? Ова се прашањата што не стивнуваат неколку дена, откако по инцидентите на Денот на албанското знаме, СДСМ предложи итно одржување на средба на лидерите на сите парламентарни политички партии, со цел да се обединат околу една јасна и едноставна порака: Македонија останува стабилна и посветена на мирот, соживотот и почитувањето на различностите.
Одржувањето на лидерски средби е практика што постојано беше критикувана од правни и политички експерти, бидејќи тоа е вонинституционален формат, кој остава порака дека дебатата е узурпирана од вистинското место каде што треба да се одржува – во парламентот, и е преместена на зелена маса, воообичаено во Клубот на пратенците. Особено, што многу од тие лидерски средби имаа јалов исход, а се одвиваа по ист образец: дојдоа, се видоа, а потоа кажаното или договореното на средбата различно го интерпретираа. Прашањето критички се третираше и во јавноста – зошто избираме 120 пратеници, ако дебатата на крајот се сведува меѓу неколку „партиски поглавици“?
Повеќе лица беа приведени по инцидентите на 28 ноември кога по повод прославата на Денот на албанското знаме беше осквернавено македонското знамеПовеќе лица беа приведени по инцидентите на 28 ноември кога по повод прославата на Денот на албанското знаме беше осквернавено македонското знаме
Дилемите ги имаа и сите оние што во изминатите години одлучуваа дали ќе свикаат или не лидерска средба, но се правдаа дека ако не прифатат ќе остават впечаток дека не се кооперативни и дека бегаат од дијалог, па на крајот средбите, какви такви, сепак се одржуваа.
СДСМ: Ако нема лидерска, има сомнеж за друг интерес
Во СДСМ се убедени дека лидерска средба треба да се одржи. Одговарајќи на новинарско прашање за барањето на СДСМ, портпаролката на Владата, Марија Митева, рече дека како Влада не ја гледаат објективноста за барањето на таква средба.
„За целта ќе треба да ги прашате оние што ја бараат. Во минатото имавме Влада што немаше капацитет да води политички дијалози, сега имаме Влада која и во рамки на извршната, но и во законодавната власт има капацитет да води такви политички дијалози“, рече Митева на вчерашната прес-конференција.
Според неа, чудно е и што тоа барање за лидерска средба доаѓа преку медиумите.
„Се надеваме дека знаат како се испраќаат официјални барања за лидерска средба, еве нека испратат, па ќе размислиме и ќе одлучиме“, рече Митева.
Прашањето постепено влегува во зоната за меѓупартиски дриблинзи.
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, не гледа причина зошто некој не би учествувал на таква лидерска средба.
„Сериозна е ситуацијата, а се остава сомнеж дека некој има интерес од вакво влошување. Ако некој ја одбие таа средба, ќе сметам дека апсолутно има причина да се надева дека тензиите можат да донесат некаков политички бенефит“, рече тој во интервју за „360 степени“.
Лидерот на СДСМ Венко Филипче, не гледа причина зошто некој не би учествувал на таква лидерска средба за инцидентите на 28 ноемвриЛидерот на СДСМ Венко Филипче, не гледа причина зошто некој не би учествувал на таква лидерска средба за инцидентите на 28 ноември
Лидерот на СДСМ Венко Филипче, не гледа причина зошто некој не би учествувал на таква лидерска средба за инцидентите на 28 ноемвриФотографија: Petr Stojanovski/DW
СДСМ регираше и преку соопштение, со оценка дека е „шокантно што Владата и Митева излегуваат со став дека прашањата за безбедноста, мирот и иднината на државата не се доволно важни за лидерска средба”. Од партијата како аргумент посочуваат вооружени инциденти на улиците, растечки тензии со подгревање на меѓуетничките односи, но и 25 инциденти со огнено оружје во изминатите неколку месеци.
„Дали Владата смета дека е нормално премиерот да не гледа потреба за лидерска средба во ваква сериозна состојба? Потребен е итен политички дијалог за да се надмине тековната криза, да се смири наелектризираната атмосфера и да се испрати јасна порака до јавноста за смирување и стабилност. Одбивањето на иницијативата за лидерска средба го засилува сомнежот за политичка калкулација и испраќа опасна порака – дека некои политички фактори во власта имаат интерес од продолжување на тензиите”, соопштија од СДСМ.
Европскиот фронт итно бара отчет во Собранието
Опозициската ДУИ досега исклучиво во нејзино име реагираше околу инцидентите на, и после 28-ми ноември. После подолго време вчера се огласи коалицијата Европски фронт, предводена од ДУИ, и ја посочи адресата на која треба да се дебатира за наведените прашања – Собранието.
„Имајќи ја предвид новонастанатата состојба, која реално има влијание врз еден од основите столбови на стабилноста на нашата држава и општество, пратениците од пратеничката група на Европскиот фронт, согласно член 205 став 2 од Деловникот на Собранието на Република Северна Македонија, поднесува барање за добивање на детални информации од министерот за внатрешни работи и заменик министерот за внатрешни работи“, соопшти ЕФ.
Бараат нивното барање итно да се стави на дневен ред на наредната седница, согласно со член 75 став 3 од деловникот на Собранието. На таа седница очекуваат „точни и сеопфатни информации” во врска со безбедносната состојба во земјата во последниот период со детални информации за сите сегменти, како и хронолошка информација за настаните во Куманово – за палењето деловни објекти во тој град, нападите врз имоти на граѓани од албанска етничка припадност и за спроведените мерки и истраги за расветлување на случаите.
Опозициската ДУИ досега исклучиво во нејзино име реагираше околу инцидентите на, и после 28-ми ноември. Сега се огласи и коалицијата Европски фронт, предводена од оваа партијаОпозициската ДУИ досега исклучиво во нејзино име реагираше околу инцидентите на, и после 28-ми ноември. Сега се огласи и коалицијата Европски фронт, предводена од оваа партија
Опозициската ДУИ досега исклучиво во нејзино име реагираше околу инцидентите на, и после 28-ми ноември. Сега се огласи и коалицијата Европски фронт, предводена од оваа партијаФотографија: DW/S. Toevski
Од Европскиот фронт бараат и детална информација за случаите со палења на знамиња, за селективен пристап во процесирање на учесниците на истите настани, за мерките за институционален одговор и превенција од потенцијални слични настани, информација за протоколи во случаи на селективно постапување од службени лица од МВР и за предвидените механизми за надзор врз работата на безбедносните служби особено во такви сензитивни ситуации – отчетност за преземените, но и непреземените мерки.
„Имајќи предвид дека овие прашања се од исклучително значење за стабилноста и безбедноста на државата и нејзините граѓани, бараме оваа информација да се достави до Собранието, односно истата да се стави на дневен ред на наредната седница на Собранието“, побара Европскиот фронт.
Оттаму соопштија дека поднесуваат „интерпелација за работата на четворица членови на владата без етнички легитимитет“: вицепремиерот и министер за екологија Изет Меџити, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, неговиот заменик Астрит Исени и вицепремиерот Иван Стоилковиќ, како одговорен за односите меѓу заедниците.