Средба на премиерот Заев со иранскиот амбасадор Расули: Интерес од Иран за инвестирање во земјава

Претседателот на Владата, Зоран Заев денеска имаше средба со амбасадорот на Иран во нашата државам Сејед Мохамед Џавид Расули на која се поздравени политиките на одлучност и пријателства на премиерот, во кого, како што е пренесено, Техеран гледа како на човек и политичар кој од срце работи за доброто на својот народ и својата држава.

На состанокот, како што информира, владината Прес-служна, е пренесена голема заинтересираност од Иран за развој на економската соработка помеѓу двете држави.

Амбасадорот Расули, задолжен за Северна Македонија од Софија, како што се наведува во соопштението, информира дека за време на неговиот двегодишен мандат во Бугарија, за два и пол пати ја зголемил економската соработка помеѓу Бугарија и Иран и дека иранските бизнисмени се заинтересирани за инвестирања на нови пазари и конкретно во Северна Македонија.

– Ние сме фокусирани на развивањето на меѓународните односи во рамките на нашите стратешки цели, НАТО и Европската унија, но како држава којашто се стреми да отвора економски перспективи, градиме пријателства во целиот свет. Покажавме дека сме мирољубива мултиетничка држава, симбол на пријателствата и на мирот, пример за мирот и стабилноста и уверени сме дека сите овие политики допрва ќе придонесат за силниот развој на економски план, на што работиме. Во таа насока, сме заинтересирани да ја унапредуваме економската соработка и со Иран и гледаме можности за тоа, рече премиерот Заев.

На состанокот е констатирано дека има можности за соработка во земјоделството и во културата, како и во областа на индустријата и градежништвото, земајќи ги предвид соопштените податоци дека Иран е секогаш меѓу првите две држави во производството на нафта и гас, но и во првите пет држави по бројност на рудници за злато, сребро и слично. Договорено е да им се помогне на стопанствениците од двете држави да ја воспостават или унапредат меѓусебната соработка, се додава во соопштението

Back to top button
Close