Средба на претседателката на Судскиот совет, Црвенковска со евроамбасадорот Гир

Процесот на реформи во судството и други актуелни прашања поврзани со работата на Судскиот совет, беа тема на разговор на денешниот работен состанок на претседателката на Советот, Павлина Црвенковска со амбасадорот на Европската Унија во земјава, Дејвид Гир, кој беше придружуван од неговиот тим.

Како што соопшти Судскиот совет, на состанокот претставниците на Европската Унија покажале особен интерес за имплементацијата на стратегиите и методологиите донесени од Судскиот совет, пред се за Методологијата за квалитативно оценување, Методологијата за квантитавно оценувања на судиите, Методологијата за утврдување сложеност на предмети, Стратегијата за човечки ресурси, како и за Акцискиот план за борба против корупцијата.

– Беше отворена и дискусија околу последниот Извештај на Европската комисија, за делот посветен на судството при што беше констатирано дека се нотирани одредени позитивни промени и напредок, но и дека претстои многу работа со цел да се остварат реформите за независно, објективно и професионално судство. Важноста за навремено спроведување на Стратегијата за човекови ресурси во судовите со акциски план, како и годишниот буџет за судството беа меѓу темите на кои соговорниците посветија посебно внимание, се додава во соопштението.

Back to top button
Close