Средбата меѓу Русија и Украина во Истанбул би можела да започне за два или три часа

Средбата меѓу делегациите на Русија и Украина во Истанбул сè уште не е откажана, а се очекува да започне најрано за два до три часа, изјави извор за руските медиуми.

Според изворот, ниту една страна не го откажала состанокот, а двете страни се уште се подготвени да започнат разговори.

-Времето за состанокот сè уште не е одредено. Во таа смисла, нема прашање за одложување. Во Истанбул е техничка руска делегација. Некои американски претставници се исто така во Истанбул, изјави извор од турското Министерство за надворешни работи.

Тој потврди дека украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој пристигна во турската престолнина Анкара, ќе се сретне со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган. По пристигнувањето, Зеленски им рече на новинарите дека Украина ќе одлучи за следните чекори во преговорите со Русија по средбата со турскиот претседател.

Преговорите меѓу делегациите од Русија и Украина за прекин на огнот се закажани за денес во Истанбул, без конкретен датум за нивното започнување, а беа организирани по предлог на рускиот претседател Владимир Путин. Иако во медиумите се шпекулираше дека Путин можеби лично ќе присуствува на преговорите, тој доцна синоќа објави дека руската делегација ќе вклучува помошници и заменик-министри, а ќе ја предводи неговиот помошник Владимир Медински.

Медински изјави дека целта на директните преговори предложени од рускиот претседател Владимир Путин е воспоставување долгорочен и траен мир, преку елиминирање на коренските причини за конфликтот. Тој исто така нагласи дека руската делегација во Истанбул е подготвена за сериозна и професионална работа на преговорите

Back to top button
Close