Средбата на дел од родителите на настраданите во Кочани со премиерот во Скопје била тајна оти така побарале тие, велат од владата

Премиерот вчера во говор на прославата на јубилејoт на Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ откри дека пред некој ден дел од родителите на настраданите во трагедијата во Кочани биле во неговиот кабинет и разговарале. Претходно тие одбија да ја прифатат закажаната средба од страна на владиниот кабинет и да дојдат во Скопје на средба со Мицковски.

И вчера, но и во денешниот одговор од Владата за „Слободен печат“, не прецизираат дали премиерот се сретнал со семејствата на сите загинати во несреќата, единствено откриваат дека средбата не била најавено во медиумите на барање на семејствата.

-Ве информираме дека на барање на семејствата, средбата не беше најавена во медиумите. Како Влада имаме обврска да ги почитуваме барањата на сите граѓани кои остваруваат средба со премиерот и од таа причина остануваме на веќе изнесените ставови на претседателот на Владата.

Минатата недела дојдоа кај мене во просториите на Владата кажа вчера во говорот на јубилејот на Унија на жени на ВМРО ДПМНЕ премиерот Мицковски. Претходно родителите го одбија телефонскиот  закажан термин од владата за средба со премиерот со порака дека тој требе да дојде во Кочани не сакаат средби зад затворени врати а дел од нив и здравствено не се во состојба да патуваат до Скопје.

Со огромна почит кон тие луѓе и отворен разговор, споделувајќи ја заедничката болка заради трагедијата што се случи, дискутиравме за повеќе аспекти и за она што е во надлежност на Владата и можности да се помогне во расчистување на случајот и да им се помогне на семејствата во справување со тагата и предизвиците на животот во една ваква ситуација. Оваа трагедија не смее да се злоупотребува, и сите кои имаат своја вина која придонела да се случи ваква трагедија мора да одговараат

Тој најави дека во периодот што ќе следи ќе има редовни состаноци со родителите, во Скопје, а најави дека и ќе оди во Кочани доколку некои од нив не можат да дојдат.

-Оние коишто, од оправдани причини, не сакаат, ќе појдам јас кај нив. Периодов и јас лично и Владата, стоиме на располагање, сè што е потребно да направиме и да не дозволиме, оние политички глодари и некрофили да ја злоупотребуваат политички оваа трагедија којашто се случи. Не смееме да дозволиме политичка злоупотреба – рече Мицкоски во говорот.

Познато е дека  премиерот во полициската станица во Кочани бил изутрината неколку саати по пожарот и објави фотографија откако бил и се потпиша во книгата на жалост на плоштадот во Кочани. Во меѓувреме од Кочани доаѓаат примедби дека сеуште не стасала ветената парична помош за семејствата на настраданите од владата и забелечки дека Кочани и помошта по трагедијата е заборавено и оставено само да се справува и покрај големите ветувања.

 

 

Back to top button
Close