Средби на Османи со Хофрајтер и Плотнер во Берлин

 Министерот за надворешни работи Бујар Османи, во рамки на работната посета на Сојузна Република Германија, денеска во Берлин се сретна со Антон Хофрајтер, претседател на Комисијата за ЕУ прашања во Бундестагот, со кого разговарале за нашето европско досие и потребата од итна деблокада на нашите евроинтеграции како геостратешка инвестиција на Унијата.

-Со Антон Хофрајтер, претседател на Комитетот за ЕУ прашања во германскиот Бундестаг, разговаравме за итната потреба од деблокирање на евроинтегративните процеси во регионот како геостратешка инвестиција на ЕУ во име на безбеден, стабилен и просперитетен регион во срцето на Европа, објави Османи на неговиот фејсбук статус.

На средбата со Јенс Плотнер, советник на германскиот Канцелар Олаф Шолц за надворешна политика, шефот на дипломатијата го повторил ставот за значењето на отворањето на пристапните преговори со Скопје и Тирана, во контекст на зацврстување на геостратешката улога на ЕУ.

-Со отворањето на пристапните преговори за Северна Македонија и Албанија, ЕУ ќе ја демонстрира својата зацртана улога на геостратешки играч и ќе го потврди проширувањето како корисна алатка на нејзината надворешна и безбедносна политика, наведува Османи на неговиот официјален фејсбук статус.

Османи во Берлин треба да има средби и со државната министерка надлежна за Европа, Ана Лирман,а во германскиот Бундестаг ќе се сретне со Михаил Рот, претседател на Комисијата за надворешни работи.

Од Берлин, министерот Османи утре ќе отпатува за Софија

Back to top button
Close