Среде коронакриза вработените во Агенцијата за цивилно воздухопловство лапаат просечни плати од 75.000 денари!

Просечната плата на 68 вработени во Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ) во моментов е 75.000 денари, открива порталот Фактор.

Директорот на АЦВ, Томислав Тунтев, кадар на СДСМ, во својата прва година како директор на оваа институција поделил 1 милион евра, односно 60,8 милиони денари за нето-плати на вработенитените, пишува во отчетот што ова регулаторно тело го доставило на одобрување во македонското Собрание.

Бруто-платата со сите надоместоци на еден вработен во оваа институција е поголема од 100.000 денари.

Како е можно вакво луксузирање во време кога беспарицата тропа на врата поради последиците од пендемијата? Кој е тоа што дозволува ваков разврат?

Back to top button
Close