Среде преговори, Русите го гранатираат Харков: Нуклеарките во борбена приправност

За време на преговорите меѓу Русија и Украина во Белорусија, агресијата врз украинските градови не престана. Според снимките кои се појавуваат на социјалните мрежи, вториот по големина град во Украина, Харков, бил силно гранатиран.

Неколку снимки, споделени од голем број истакнати новинари и дипломати на Твитер, покажуваат експлозии, запалени автомобили, остатоци од проектил буквално забиен во асфалтот на патиштата, а се гледаат убиени и ранети цивили.

Украинското Министерство за внатрешни работи соопшти дека за време на артилерискиот напад загинале десетици луѓе.

Истовремено, министерот за одбрана Сергеј Шојгу го информира рускиот претседател Владимир Путин дека неговата заповед е спроведена за ставање на силите за одвраќање во борбена подготвеност.

Силите за одвраќање кои би требало да го обесхрабрат нападот на Русија, имплицира употреба на нуклеарно оружје, соопшти Министерството за одбрана.

Путин вчера даде заповед руските сили со нуклеарно оружје да бидат подготвени на висок степен на приправност, повикувајќи се на агресивните изјави на НАТО и економските санкции против Москва.

Одлуката на Путин да ги стави нуклеарните сили во состојба на подготвеност ги шокира дури и неговите верни генерали, па дури и самиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.

Кога Путин ја соопшти одлуката на генералот Валериј Герасимов и министерот за одбрана, на нивните лица јасно се гледаа знаци на вознемиреност.

Back to top button
Close