Средношколците ќе се возат бесплатно и за време на летниот распуст

Средношколците од Скопје и за време на летниот распуст ќе се возат бесплатно во автобусите од јавниот превоз. На денешната седница на Советот на Град Скопје се донесе одлука со која се обезбедуваат 50 милиони денари за бесплетен превоз и во лето.

Досега, средношколците бесплатно се возеа во автобусите на ЈСП „Скопје“ и приватните превозни само за време на учебната година. За време на зимскиот и летниот распуст бесплатниот превоз не важеше.

Од крајот на март, Град Скопје го врати повторно бесплатниот автобуски превоз за пензионери во вторник, петок, сабота и недела

Back to top button
Close