Српската полиција приведе тројца професори од Универзитетот во Нови Сад
Српската полиција приведе во Нови Сад тројца универзитетски професори – Верољуб Наумовиќ од Академијата за уметности, Милош Јоциќ од Филозофскиот факултет како и деканката на Медицинскиот факултет во Нови Сад, потврди во соопштение Академската мрежа Слободен Универзитет.
Според извештаите, двајцата мажи биле обезбедувачи на вчерашните протести. Засега нема официјалнои соопштение за причината за нивното приведување. Се очекува двајцата професори и деканката да бидат изведени пред судија во текот на денот.
Јоциќ бил обезбедувач на раскрсницата во близина на Јавното градско сообраќајно претпријатие, каде што се случил инцидент и едно лице било уапсено по конфронтација со полицаец.
Според новосадски медиуми, полицијата го извела од станот без налог, со нејасно образложение дека „сакале да разговараат“ за наводното нарушување на јавниот ред и мир, иако, како што наведоа организаторите на протестите, приведеното лице во претходните денови „не учествувало во никаков инцидент“.
Академскиот пленум објави дека апсењето на тројца професори на Универзитетот во Нови Сад за помалку од 24 часа го смета за репресија и одмазда од страна на властите за поддршка на студентските барања.
„Двајца колеги, кои беа обезбедувачи на вчерашните блокади во Нови Сад, се приведени под обвинение за нарушување на јавниот ред и мир. Еден од колегите беше повикан синоќа како сведок и по повеќе од два часа распит, тој е обвинет, бидејќи се спротивставил да ги заштити граѓаните на блокадата кога биле нападнати од насилник. Другиот колега беше приведен утрово, иако не му е јасно ниту на него од која причина“, објави Академскиот пленум.
Деканката на Медицинскиот факултет, избрана во 2021 година како прва жена декан на тој факултет – исто така е приведен утрово, се додава во соопштението.
„Веруваме дека овој момент не е случајно избран за нејзиното апсење, бидејќи единствениот факултет што штрајкува на Универзитетот во Нови Сад е Медицинскиот факултет, а деканката ги поддржува барањата на студентите од самиот почеток“.
Академскиот пленум оценува дека сите апсења од страна на властите имаат за цел да ги заплашат универзитетските професори, но и сите бунтовни граѓани на Србија.
„Сепак, сигурни сме дека ова нема да ги исплаши професорите, туку само дополнително ќе ја зајакне нивната поддршка за оправданите барања на студентите, се вели во соопштението.