Српската полиција трага по сопругата на убиениот терорист од Белград

Српската полиција трага по сопругата на убиениот терорист во Белград, кој застрела полицаец пред израелската амбасада.

Беса (26) родена во Беране, сопруга на терористот Милош Жујовиќ, пред три дена ја напуштила Србија. Таа за Црна Гора заминала на 27 јуни. Засега со сигурност не се знае дали знаела за терористичкиот план на нејзиниот сопруг, односно дали била соучесник во терористичкиот напад на нејзиниот сопруг врз израелската амбасада во Белград. Како што пренесува српски „Блиц“, Министерството за внатрешни работи на Србија побарало од црногорската полиција да ја приведе и сослуша сопругата на Жујовиќ.

Милош Жујовиќ, кој по прифаќањето на исламот го добил името Салахудин, живеел со сопругата во Нови Пазар. Како што дознаваме, тие имаат еден син Н.Ж. кој на 4 јули ќе наполни една година. Според информациите кои се уште се проверуваат, а со кои располага српскиот МУП, Беса Жујовиќ е бремена.

Во станот што го издавале во Нови Пазар, освен ѓубре, биле пронајдени и пелени. Беса е родена како муслиманка. Министерството за внатрешни работи на Србија вчера објави фотографија од Милош Жујовиќ и Беса, која е направена на 11 март во Управата за странци при регистрација на нејзиниот престој.…

Како што напиша „Блиц“, Милош Жујовиќ и претходно бил познат по своето насилничко однесување. Според сведочењето на Мерсиха Г., мајка на болно дете од Рожај, Жујовиќ ја нападнал во автобусот на релација Белград – Бар.

Мерсиха Г. опишала дека Жујовиќ ја удрил иако била сама со децата, а потоа и се заканил дека ќе им „игра со главите“.

Вицепремиерот на Република Србија и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ донесе одлука по вчерашниот терористички напад да прогласи црвено ниво на безбедносни закани од тероризмот.

– Сите припадници на Министерството за внатрешни работи преземаат мерки за обезбедување на безбедност на граѓаните – се вели во описот на фотографиите објавени на Инстаграм профилот на МУП.

Полицијата вчера го уапси и Игор Деспотовиќ (25) под сомнение за терористичко здружување заедно со убиениот напаѓач Милош Ж., по нападот на припадник на Жандармеријата со самострел пред Амбасадата на Израел во Белград. Ова не е првпат Деспотовиќ да биде уапсен поради планирање терористички напад

Back to top button
Close