Српски државјанин возел со 221 километар на час на автопат кај Гевгелија

Државјанин на Србија е уапсен на автопатот Скопјe – Гевгелија откако возел со 221 километар на час, соопшти денес македонското Министерството за внатрешни работи.

Полицијата соопшти дека инцидентот е регистриран во близина на селото Милетково, кога радарот детектирал дека возачот, идентификуван како М.С.(60), возел автомобил „БМВ“ со српски регистарски таблички со брзина од 221 километар на час на делница каде што ограничувањето е 120 километри на час.

Според полицијата, возачот ја надминал дозволената брзина за 101 километар на час.

По запирањето, возилото е запленето, а возачот е уапсен и приведен во полициска станица.

Back to top button
Close