Српски град го прогласи Вучиќ за персона-нон-грата
Со едногласна одлука на Граѓанското собрание Пирот Александар Вучиќ стана „персона нон грата“ во овој град.
Граѓанското собрание Пирот се одржа на 19 март. Таму, едногласна се одлучи да се побара од Градското собрание на Пирот, како и од градоначалникот Владан Васиќ, да го кажат својот став за насилството извршено врз студентите и граѓаните на протестот „15 за 15“ што се одржа во Белград на 15 март, пишува Јужне вести
.