Српски Информер: Данка била жива кога ја удриле. Потоа ја задавиле

Двајцата вработени во Јавното комунално претпријатие „Водовод“ Бор С.Ј.(50) од село Лука и Д.Д.(50) од село Злот го признале делото.

Двајцата биле пијани. Тие се исплашиле бидејќи под дејство на алкохол возеле службено возило. Девојчето било живо кога го удриле. Еден од нив излегол од автомобилот и со голи раце ја задавил Данка Илиќ. Таа лежела на патот и плачела, а тој ја задавил, ја стави во багажникот и потоа ја фрлиле во депонија – пишува „Информер“.

Но, тоа не е се, бидејќи еден од нив кога видел дека полицијата станала на нозе и дека цела Србија ја бара убиената Данка, имал намера да го пренесе телото.

– Еден од нив рече дека планирал да ќго ископа телото на Данка и да го скрие во неговото село, кое се наоѓа на 36 километри од Бор. Дека телото ќе го закопал до шталата, до ѓубривото. Се договориле како да си ги покријат трагите. Како работници во комуналното претпријатие, тие не биле сомнителни. Тренирани кучиња ја пребарале локацијата, според детали од истрагата девојчето го немало. Се претпоставува дека се уште е на депонијата, потрагата по неа се уште трае – пишува „Информер“.

Back to top button
Close