Српски медиуми утрово објавија дека еден од осомничените ОДЛУЧИЛ ДА ПРОГОВОРИ: Конечно ќе се дознаe каде е телото на малата Данка?
Српски медиуми утрово објавија дека еден од осомничените ОДЛУЧИЛ ДА ПРОГОВОРИ: Конечно ќе се дознаe каде е телото на малата Данка?
Срѓан Јанковиќ, осомничениот за убиството на девојчето Данка Илиќ (2), преку адвокатот порачал дека повеќе не сака да се брани со молчење, туку дека ќе зборува за делото, објави рано утрово белградскиот портал „Блиц“ повикувајќи се на свои извори.
Според неофицијални информации на „Блиц“, тој два дена размислувал да даде исказ во Вишото јавно обвинителство во Заечар, а сега конечно ја донел таа одлука.
– Бранителот на осомничениот Срѓан Јанковиќ најави дека осомничениот во наредниот период ќе ја изнесе својата одбрана – изјавија за „Блиц“ од Вишото јавно обвинителство Заечар.