Српски медиуми: Вонредни парламентарни избори на 25 октомври

Вонредните парламентарни избори во Србија треба да се одржат в недела, на 25 октомври 2026 година, според информациите што се појавија во јавноста во Белград денеска од дел од српски медиуми, а за кои се уште нема потврда од властите во државата.

Во наредните денови се очекува да се покрене постапка за распуштање на Народното собрание, врз основа на образложениот предлог на Владата на Србија. Со тоа би се исполниле формалните услови за распишување на вонредни парламентарни избори и почеток на изборната кампања.

 

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, пред 12 дена ги спомена 18 и 25 октомври како можни датуми за граѓаните да излезат на гласање, со најава дека конечниот датум ќе биде познат наскоро.

Доколку гласањето се одржи на тој ден, изборите би требало да бидат распишани најдоцна до 10 септември, со оглед на законските рокови што го регулираат периодот помеѓу распишувањето на изборите и денот на гласањето. Официјалната потврда на датумот се очекува по донесувањето на одлуките со кои ќе се спроведе постапката за распишување на изборите, јавија белградски медиуми.

Back to top button
Close