Српскиот амбасадор oд Полска се враќа дома, потпишал писмо за поддршка на ЛГБТ заедницата

Министерот за надворешни работи на Србија, Никола Селаковиќ донесол одлука итно да биде вратен во својата земја Никола Зуровац, амбасадорот на Србија во Полска.

Како што се дознава, Зуровац потпишал писмо за поддршка на полската ЛГБТ заедница со уште 40 други амбасадори од други земји, но не го информирал министерот Селаковиќ за тоа.

Последица на овој настан е откажаната договорена посета на Селаковиќ на Полска, пренесува српски „Блиц“.

-Зуровац го потпиша писмото ден пред посетата на Селаковиќ на Полска. Ова наиде на негативна реакција од тамошните конзервативни власти, особено затоа што земјите од регионот, Унгарија, Романија и Бугарија не го поддржаа писмото. Поради ова, откажана е посетата на министерот за надворешни работи на Полска, која требаше да се реализира денес и утре, наведува изворот.

Селаковиќ после тоа донесл одлука да го отповика амбасадорот Зуровац, а неговото враќање ќе биде тема на денешната седница на Владата на Србија.

Back to top button
Close